Комплекс „Негорски Бањи“

Во бањскиот комплекс Негорски Бањи има 3 хотели. Со реновирањето на постојаните хотелски комплекси пролетта 2007 во значителна мера се подигна квалитетот на сместување. Квалитетното сместување овозможува пријатен престој, како за оние гости кои имаат потреба од користење на водата и физикалните терапии, така и за оние кои имаат потреба од одмор и рекреација. Хотелите се со различен степен на квалитет.