Хотели
       
           Во бањскиот комплекс Негорски Бањи има 3 хотели. Со реновирањето на постојаните хотелски комплекси пролетта 2007 во значителна мера се подигна квалитетот на сместување. Квалитетното сместување овозможува пријатен престој, како за оние гости кои имаат потреба од користење на водата и физикалните терапии, така и за оние кои имаат потреба од одмор и рекреација.
Хотелите се со различен степен на квалитет.
           
       Најквалитетен е хотел "Јасен" и има капацитет од 126 легла. Во овој хотел има 6 апартмани кои имаат дневна соба со ТВ, двд, интеренет  пристап, телефон, клима уред,  фрижидер, тераса, тоалет и спална соба со бања.  Хотелот има и 13 еднокреветни соби опремени со ТВ,  телефон, фрижидер, клима уред. Двокреветните соби се опремени со ТВ и телефон.
       
Хотелот ''Илинден ''кој е втор по квалитет на сместувањето  располага со 88 легла, распоредени во двокреветни и трокреветни соби.
       
       Третиот хотел е хотелот Божур, во чиј состав има 68 легла, исто така распоредени во двокреветни и трокреветни соби.
Сите соби имаат модерно-опремена бања и тераса .


Ресторан

       Бањите располагаат со 2 ресторани и летна градина, каде што посетителите можат да пробат здрава храна и специјалитети со вкус од југот. Едниот ресторан се наоѓа во склоп на летната градина и е од комерцијален тип, додека другиот се наоѓа во рамките на хотелите. Овој ресторан е пансионски - каде што посетителите се служат со појадок, ручек и вечера со пансионски ноќевања - и има капацитет за 250 посетители.
          Посетителите на рестораните и летната градина може да уживаат во пријатната музика на различни македонски бендови и во разни други културни и фолклорни приредби и манифестации.
       

.....................................................................................................................................................
НЕГОРСКИ БАЊИ
Хотелско сместување
Copyright 2007 Негорски Бањи. All rights reserved.
Weather Forecast | Weather Maps
Курсна листа:

    1 Eur  = 61,3 Ден.
    1 $      = 45,0Ден.
ДОМА             ЦЕНОВНИК             ЛОКАЦИЈА             КОНТАКТ
Посетител бр.: