Изложба на кучиња

11-05-2017

Во пресрет на изложбата на кучиња со најдолга традиција, “Grand Prix Gevgelija" која ќе се одвива во комплексот Негорски Бањи во периодот од 26 до 28 мај 2017, Ве покануваме овие два незаборавни дена да ги поминете во хотел Божур.

Комплексот се наоѓа на далечина од 3км од Гевгелија, на надморска височина од 50 метри. Лоциран е во многу специфична средина, во подножјето на планината Кожуф, помеѓу богата и ретка јасенова шума, која формира природен парк. Јасеновата шума зафаќа површина од 22 хектари околу комплексот.