Ресторан

Бањите располагаат со 2 ресторани и летна градина, каде што посетителите можат да пробат здрава храна и специјалитети со вкус од југот. Едниот ресторан се наоѓа во склоп на летната градина и е од комерцијален тип, додека другиот се наоѓа во рамките на хотелите. Овој ресторан е пансионски - каде што посетителите се служат со појадок, ручек и вечера со пансионски ноќевања - и има капацитет за 250 посетители.

Посетителите на рестораните и летната градина може да уживаат во пријатната музика на различни македонски бендови и во разни други културни и фолклорни приредби и манифестации.

Ресторанот во Негорски бањи е совршено место за организирање на сите ваши прослави. Без оглед дали станува збор за венчавка, роденден или коктел...

Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашата прослава.
Резервации на: ketering@negorskibanji.com.mk