За здравјето на нашите пациенти и посетители се грижи тим од лекари специјалисти по физикална медицина и рехабилитација, лекар по општа медицина, медицински сестри, физиотерапевти и масерки.

Бањската вода помага при лекувањето на следниве болести

  • Ревматски заболувања-зглобен и вонзглобен ревматизам;
  • Дегенеративни заболувања на коски и зглобови и рбетен столб-артрози,дискус хернија,спондилоза;
  • Пострауматски и постоперативни состојби во ортопедија ;
  • Заболувања на нервниот систем - состојби по мозочен удар, парези  на периферните нерви неуропатии,мултиплекс склероза, церебрална парализа,мијелити ,радикулопатии итн.;
  • Заболувања на гастроинтестинален систем-гастритис,чир на желудник и дванаестпалачно црево,воспаление на жолчка и жолчни патишта, хронични воспаленија на дебело црево;
  • Кожни заболувања -псоријаза,егземи;
  • Заболувања на уринарниот систем-воспаленија на мокрачни патишта,камења во бубрег ;
  • Кардиоваскуларни заболувања-циркулаторна инсуфициенција на периферни артерии од различна етиологија , почетна артериска  хипертензија;
  • Пореметувања во менструалниот циклус,аменореја,стерилититет,хронични воспаленија на јајници и јајоводи.;
  • Респираторни заболувања-ларингити, хронични бронхити, бронхиектазии, бронхијална астма;
  • Латентен дијабет;
  • Остеопороза

       Бањите се опремени со најмодерна апаратура за сите видови терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација

  • електро-терапија( дијадинамик, интерферентни струји, тенс, галван, електрофореза, електростимулација);
  • сонотерапија (ултразвук);
  • фототерапија (инфрацвени и ултравиолетови ламби);
  • Биотрон ламба;
  • вакууммед;
  • ласер;
  • магнетотерапија;
  • кинези-терапија  групна и индивидуална;
  • хидрокинезитерапија;
  • екстензија на рбетен столб;
  • парафин терапија;
  • подводна масажа;
  • рачна масажа-реласациона, медицинска, спортска;
  • ЕКГ;
  • Органометрија;
  • Детоксикација;
  • 2 базени со минерална вода

       Здравствениот оддел нуди и програми за здраво намалување на телесната тежина и антицелулитни третмани.

       ЗУПЛ Негорски Бањи има склучено Договор со Фондот за здравствeно осигурување на РМ.

Осигурениците може да ги користат нашите здравствени услуги со приложување на специјалистички упат издаден од матичен лекар, или со Решение за продолжено болничко лекување и медицинска рехабилитација издадено од Фондот за здравствено осигурување.

Партиципацијата за третман со физикални процедури при лекување со специјалистички упат се наплаќа согласно ценовникот на ФЗОМ.

Дневната партиципација за лекување со болнички упат се наплаќа согласно ценовникот на ФЗОМ и изнесува 200,00 ден. и евентуално дополнителни 300,00 ден. за сместување во надстандардни услови.

Ги молиме пациентите - осигуреници, при доаѓање во Негорски Бањи со себе да ја понесат целокупната медицинска документација која ја поседуваат (РТГ снимки, лабораториски наоди, извештаи од специјалисти и сл.)

Напомена: Доколку пациентите не поседуваат здравствено осигурување и уредна документација , здравствените услуги ќе им бидат наплатени приватно по цени согласно ценовникот на ЗУПЛ Негорски Бањи.
       

....................................................................................................................................................
Copyright 2007 Негорски Бањи. All rights reserved.
Weather Forecast | Weather Maps
Курсна листа:

    1 Eur  = 61,3 Ден.
    1 $      = 39,5Ден.
ДОМА             ЦЕНОВНИК             ЛОКАЦИЈА             КОНТАКТ
НЕГОРСКИ БАЊИ
Здравствен Оддел
Посетител бр.: